Нема слободни места

/, Блесок бр. 84/Нема слободни места

Нема слободни места

Нема слободни места
Се снаоѓаме
Како што описот и објаснувањето се слеваат
§ (Камо)
§ (неговите фрагменти)
§ (која е поуката)
§ (да)

Велат April macht was er wil како само април да е променлив во градов
А сепак март е и небото виси ниско како таванот на мојата позајмена соба
Стареам старееш сите старееме уморен сум од повторувања
На мијалникот наутро си ги корнам белите влакна и ги ставам во плик
На кој напишав ПОСЕТИТЕЛИ НЕ СТАНАРИ
Си ги виткам цигарите а филтерот секогаш избира да ми се залепи меѓу сувиве усни
За разлика од тебе
Морам поцврсто да ги виткам како мојот каиш моите заби требаше да ти бидат на вратот
Реков не можам да живеам без тебе а ти ми рече можеш
И си бев патетичен со сликата на насолзениот Барак Обама во главата
Се прашувам дали Барак Обама некогаш вака ѝ рекол на жена си
Се прашувам дали Џорџ Буш некогаш ова го прошепотил во мракот
Мислејќи на Осама Бин Ладен клекнат во некоја пештера во Авганистан
Се прашувам за многу нешта повеќето од нив се одговорени
Но информациите некако не стигнале до мене
Кафето се потроши напиј се чај
Медот се потроши земи шеќер
Љубовта се потроши
Мораш да научиш да се снаоѓаш дете

АвторРикардо Доменек
2018-08-21T17:20:54+00:00 јули 1st, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 84|