Нежност

Нежност

Нежност
Горд
Чистота
Уште само
За наивноста
Се навикнав
Од прошетката
Разденување
Сончоглед
Приквечерина

Рече: Слатка е како мракот
под облеката на љубовниците,
кои седат во кино,
силна, небаре до неа се втеруваше
со миризба набраниот ветер,
чиста како снег во есенските
сништа на децата,
но веќе не ѝ се јавувам.

Рече: Самата не ја разбирав
таа сила, тој лет, па уште од почеток
сето тоа беше многу чудно –
небаре двајцата бевме негде другаде,
толку оддалечени,
што секоја средба можеше да биде
уште само пречек,
или разделба.

АвторВера Прокешова
2018-08-21T17:21:00+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 74|