Превод од словачки: Звонко Танески
Сега,
кога дождот се наклонува врз локвите
денот ’рѓосува
и паѓа кон ноќта
како сув лист,
кога наоколу расте
остриот ветер,
се плашам од мразот
и неговите застаклени тротоари,
од снегот, кога почнува
да се таложи,
се плашам од зимата,
која од длабочина станува провидна
зашто нежноста во мене се кине
како прво кокиче
и се шири низ твоите плускавици
и цвета во твоето
тврдо невреме.