Насилно прекината песна

/, Блесок бр. 66/Насилно прекината песна

Насилно прекината песна

На градинарот
На кројачките (во погоните и дома)
Every Woman Adores a Fascist (на сонливите домаќинки)
На соседите (моето месо е утринава спуштено знаме)
На загубените половини (насилно прекината песна)
Бог е цицлеста телефонистка која со мазен глас ти кажува дека си барал број кој не се користи
Минестроне
Елвис

Некаде се превртеле траекти. телефонот јави дека ангелот е
прво и единствено суштество.
ова е седмица на моето бележење.
денеска научив нешто ново. запишувам сè што ќе видам.
секоја одделна мисла.
ако постои непријател на поезијата тогаш тоа,
во овој случај, сум јас.
ако успееш некако да се ослободиш од наносите
можеби ќе те заблесне сигурно значење.
како заби на некоја пејачка / манекенка / глумица, на пример
Весна Писаровиќ. изборот воопшто не е случаен.
таа знае што се фонеми
и дека значењето е неумоливо.
можеби ќе успееш да го најдеш вистинското прашање. на пример
кога нашите ѕвезди ќе почнат да посвојуваат деца? кога техно
револуцијата на здодевноста ќе го изеде своето прво дете?
некаде се превртеле траекти. ангелот не може вон од слушалката.
ова е седмица на моето бележење и јас настојувам
ништо да не изоставам.
во кујната капе вода.
пред четири седмици процутеа црешите. го слушам радиото
кое вели дека времето е без поголеми промени и сè друго е
без поголеми промени.
ѕвездите се смешкаат и преку хороскопот влегуваат во нашите куќи.
значењето доаѓа во бранови, баш како што треба
или не треба.
траектите се превртеле.

АвторМарко Погачар
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|