Насилно прекината песна

/, Блесок бр. 66/Насилно прекината песна

Насилно прекината песна

На градинарот
На кројачките (во погоните и дома)
Every Woman Adores a Fascist (на сонливите домаќинки)
На соседите (моето месо е утринава спуштено знаме)
На загубените половини (насилно прекината песна)
Бог е цицлеста телефонистка која со мазен глас ти кажува дека си барал број кој не се користи
Минестроне
Елвис

Медот се топи во чајот, потполно, за разлика од тебе во мене
и тебе во сериозната музика,

предолги телефонски разговори, никогаш место кога ти треба
слободна маса, секогаш расипани лифтови,

скалила размотани во бесконечност, како разговор за политика,
и баш кога некој ќе забележи дека тоталитаризмот и демократијата

се разликуваат само во бројниот состав
исчезнува сликата и сè одново почнува: гласовите течат од ѕидовите,

потполно бестелесни, вечерта се спушта на дланките, како рудар
во јама, сепак, чевлите оставени

пред вратата докажуваат дека постојат живи. но што значи да се живее,
додека зимата доаѓа тркалајќи се како студен здив од моето грло,

и свива гнездо во темната азбука; сите тие забрзани непознати
луѓе со познато име, попладне прекршено на двајца, како Кореја,

чај во кој медот е веќе до крај стопен, нераздвојно,
и таа вискозна смеса е љубов; како да се стигне до тебе; како да те дофатам?

АвторМарко Погачар
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|