Насилно прекината песна

/, Блесок бр. 66/Насилно прекината песна

Насилно прекината песна

На градинарот
На кројачките (во погоните и дома)
Every Woman Adores a Fascist (на сонливите домаќинки)
На соседите (моето месо е утринава спуштено знаме)
На загубените половини (насилно прекината песна)
Бог е цицлеста телефонистка која со мазен глас ти кажува дека си барал број кој не се користи
Минестроне
Елвис

Светилки, кугли светлина на небото место сонце. еден ден
од гледање горе туку така ослепуваш.

повеќе не ги гледаш ѕидовите. прашината се решава да спушти
мртва колонија врз твоето лице. но ни она што изгледа живо

главно тоа повеќе не е, нешто умрело меѓу очите,
тоа повеќе не си ти која зборуваш. шпагетите вријат во лонецот. побуна

на млитави цевки, безбројни, опасни аспарагуси. ја прифаќаш играта:
лежиш врз линолеумот како во темна зенитска река,

исчекувајќи го неговото враќање. кога влегува, ѕидовите затреперуваат.
те сака како чувство на ситост, како стега. дисциплинирано и остро.

те сака како радио. пената од лонецот исползува врз твоите нечујни усни.
ноќта излегува од кожата на попладнето, влетува како пеперуга во собата, се вовлекува

под тепихот заедно со прстите. светилките подготвено го напуштаат небото.
нешто е во тебе родено, но никогаш нема да живее, полна си време

а времето одбива да биде преполно со тебе: нема очи за плачење, косата
заминува од темето, љубовта се случува во претсобјето, такви се последиците.

АвторМарко Погачар
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|