Мртвиот поет и младата дама

/, Блесок бр. 23/Мртвиот поет и младата дама

Мртвиот поет и младата дама

Полноќ
Нарцис
Собата
Пријателу мој
Мртвиот поет и младата дама
Безверно сам

Сам сум
Ѕидовите ги проверив
Ќе траат
Цврста е оваа соба
Иако на мигови се ниша
И нејасни зборови изговарам
Нечие шепотење допирам
Ко да се вишат среде поле
Полноќни треви
И мирам крикови
Ноќта да остане чиста
Од болнострастни напеви
Напуштени ликови
Што морничат зад ѕидовите

Нечија суштина на движењата
Со мојата е иста
За што
Морам да горам

АвторЈордан Даниловски
2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 23|