Мртвиот поет и младата дама

/, Блесок бр. 23/Мртвиот поет и младата дама

Мртвиот поет и младата дама

Полноќ
Нарцис
Собата
Пријателу мој
Мртвиот поет и младата дама
Безверно сам

И сè е исто во ова огледало
Што ме тера на послушност
На исти востановени движења
Лица празни ноќни навеви
Низ кои она што бев е страв силен
Загубено дете што смртта
Безмерно ја прима кон правта
Без себеси сета низ зборовите
Низ грутките допрев стасав
Без да сетам што се плете
Под мојава рака што во таа мрака
Се излева тајно ми го краде ликот
Во ова огледало на послушност
Ноќ во повлекувања бегства следи
Безмерно неопходен од за чистите движења
Збунетите погледи
Неумолливите отчукувања на часовниците
А сепак ни стадо, ни птица, ни ѕвер
И сега сум гласот што ме повторува
Над водите жедта ли ја гасам

АвторЈордан Даниловски
2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 23|