Молитвена

Молитвена

Искушение
Молитвена
Со запалена свеќа од црква излегувам

Изгасни ја, Боже!
Кај може стапалкава да ми потоне освен во Темното?
В земје нека останам – свеќа запалена за живите.
Нека не видам кај ќе згаснам.
Еве ти ја свеќата голем Боже, благослови ја!
И изгасната, таму каде што е местото нека свети!
Со запалени прсти од црква излегувам…
Не дај Боже да догорат!

Од мене, како од голема свеќа запалена пред олтар
редици со свеќи. Палат.
Од запалените прсти капат восочни капки…
Не дај Боже да догорат!
Со прстите треба свеќа дома да однесат.

АвторСветлана Христова-Јоциќ
2018-08-21T17:20:55+00:00 мај 19th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 83|