Молитвена

Молитвена

Искушение
Молитвена
Со запалена свеќа од црква излегувам

А јас само по просо…
А само пред коси.
Само пред коси и камни за клепање
над откоси.

Поможи Боже рабини С. многогрешној.

А јас само по роса…
А само со оси.
Само со оси и осилки за искрење
над острилци.

Поможи Боже рабини С. многогрешној.

А јас само по маја…
А ете ме в скраја.
Само со слана и ластунки за свивање
над свиоци.

Поможи Боже!

Торбари праматари решетари
со лакти со писки
во очиве разрошкани.
Уем зрна ми бараат
двеве црнки од две очи.

Поможи!

АвторСветлана Христова-Јоциќ
2018-08-21T17:20:55+00:00 мај 19th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 83|