Моите пријатели

/, Блесок бр. 41/Моите пријатели

Моите пријатели

Пророштво
Вчера
Моите пријатели
Влез
Пред потопот
Кога и да појдам таму

избор и превод од англиски: Игор Исаковски

На крајот од годината ѕвездите згаснуваат
воздухот престанува да дише а Сибил пее
прво пее за темнината која ја гледа
пее сè додека не стаса на возраст
без време и темнината која не може да ја види

никој тогаш не слуша како таа уште пее
за сите бели денови кои ни беа дадени еден по еден
кои околу нас се претворија во бои

светлината од далеку доаѓа во окото
каде почнува пред таа да може да ја види

гори низ зборовите во кои никој не веруваше

од „Зеница“, 2001.

АвторВ.С. Мервин
2018-08-21T17:21:34+00:00 март 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 41|