Можности

Можности

Можности
Тортури
Двата мајмуни на Бројгел
Трите најчудни зборови

Ништо не се сменило.
Телото е подложно на болка,
мора да јаде, да дише и спие,
со тенка кожа е и со крв под неа,
соодветна низа заби и нокти,
коските му се кршливи,
зглобовите можат да се истегнат.
При измачување сето тоа се зема предвид.
Ништо не се сменило.
Телото се тресе како што се тресело
пред основањето на Рим и по него,
во дваесеттиот век пред и по Христа.
Измачувањата се како што беа, само земјата се смали
и што и да се случи се чини праведно од другата страна на ѕидот.
Ништо не се сменило. Има само повеќе луѓе,
освен старите прекршоци се јавија и нови,
стварни, имагинарни, привремени и никакви,
но лелекањето со кое телото одговара на нив
беше, е и секогаш ќе биде лелек на невиност
според временската скала и тоналитет.
Ништо не се сменило. Можеби само манирите, церемониите, танците.
Сепак движењето на рацете за да се заштити главата е истото.
Телото се превиткува, се грчи, се обидува да се извлече,
нозете откажуваат, тоа паѓа, колената стрчат,
телото посинува, отекува, се лигави и крвари.
Ништо не се сменило. Освен границите,
линиите на шумите, бреговите, пустините и глечерите.
Помеѓу овие пејзажи се тетерави душата,
исчезнува, се враќа, се приближува и оддалечува,
себеси туѓа, таинствена, на моменти сигурна, на моменти несигурна во своето постоење,
додека телото е и е и е
а нема сопствено место.

АвторВислава Шимборска
2018-08-21T17:21:47+00:00 август 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 27|