Минатата ноќ поет ми го спаси животот

/, Блесок бр. 70/Минатата ноќ поет ми го спаси животот

Минатата ноќ поет ми го спаси животот

Приказни од Шормал
Последниот Валцер
Тежината
Сезона на крв (4)
Вистинска приказна за мечокот (Стокхолм, 2001)
Минатата ноќ поет ми го спаси животот
Крилја од чад
Помеѓу деновите

Ми даде уста-на-уста
го излижа бакнежот на смртта
вдиша во мене нов глас
кој шепотеше слатки ништа
додека сета горчина не испари

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
ме насити со гозба од звук, привлечни стихови,
ме зароби во песна
ме смири во приспивни соништа
кои ме разбудија

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
ми даде ритам
од кој моето лажно срце прескокна
поттикна смртни пожари
ја угасна мојата бескрајна жед

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
изрече тајни во гатанките
осветли убавина во темнината
исткаа бесконечни сенки
од светлината

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
создаде љубов додворувајќи се со ушите
звук поттикнувачки за моето чувство за вкус
јас шепотев зборови
моите прсти ја милуваа страницата

АвторРаман Мундаир
2018-08-21T17:21:03+00:00 февруари 14th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 70|