Лоши соништа

/, Блесок бр. 06/Лоши соништа

Лоши соништа

Лоши соништа
Недостиг од енергија
Космогонија
Смут
Хаос

Празнината го родила морскиот полжав.
Морскиот полжав – вулканскиот остров.
Вулканскиот остров – гуштерицата со кикиришка.
Гуштерицата со кикиришка – Молзачот на Облаците.
Молзачот на Облаците – Крадачот на медот.
Крадачот на Медот – Градителот на Градовите.
Градителот на Градовите – Собирачот на Даноци.
Собирачот на Даноци – Разурнувачот на Тврдини.
Разурнувачот на Тврдини – дваесет илјади тенкови.
Дваесетте илјади тенкови биле неплодни
и не можеле ништо да родат.
Во нив одново се населила празнината
размислувајќи дали вреди сè да се почне од почеток.

АвторВлада Урошевиќ
2018-08-21T17:22:12+00:00 јануари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 06|