Лицето

Лицето

Овој пат осамен
Лицето
Песна за оној што ќе истрае до крајот на векот
Белешки на еден патник

Кога станав свесен
за смртта што си ја враќа невиноста од фонтаната
овдешни луѓе што месечарски го следат
својот пат

ми се чинеше
дека моите соништа се пирамиди од песок
што истекуваат пред моите очи

и го видов
мојот ден како бега спроти сегашноста
далеку од тој проколнат град.

Почетокот го бираме ние
но ти, крају, ти нас нè бираш
и нема друг пат освен патот.

АвторСаргон Булус
2018-08-21T17:21:44+00:00 јануари 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 30|