Лицето

Лицето

Овој пат осамен
Лицето
Песна за оној што ќе истрае до крајот на векот
Белешки на еден патник

Ако случајно залуташ
вечерва
онаму кајшто
нема речиси никој
ќе го чуеш ветрот
што луто дува
од правец на
колежот, врел
како здив на фурна:
ќе го размавта вчерашниот
весник помеѓу
твоите нозе, нудејќи му да го бакне
оладениот асфалт
или да плесне по ѕидовите.

Кајшто шеташ
вечерва
ветрот ќе ги измете
вчерашните хартии
а огнот ќе дивее,
ќе беснее
на многу места од нашиов свет

Ќе проголта луѓе и згради
но никако да ги докрајчи ѕидовите.

АвторСаргон Булус
2018-08-21T17:21:44+00:00 јануари 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 30|