Лицето

Лицето

Овој пат осамен
Лицето
Песна за оној што ќе истрае до крајот на векот
Белешки на еден патник

На мостот
што ги спојува белите
монмартрски гробишта
закопани со сите
свои мртви
под снегот,
тоа лице
што минуваше:
жена што плаче
и си ги гризе ноктите
чекорејќи бесцелно,
заборавена од ветрот
што ѝ го поткрева здолништето
над колена,
заборавена
од пешаците
и автомобилите, од тој
миг тоа лице
редовно ти излегува пред очи –
кога и да поминеш
преку мост, го гледаш
како заминува.

АвторСаргон Булус
2018-08-21T17:21:44+00:00 јануари 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 30|