Кога ќе се вратам од војна

/, Блесок бр. 98/Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна
Пробај го ова, драг Вагнер
Мојот народ
Гето
Мал човек во мал град
Утро во маалото
Булевар на Народната револуција
За таму некоја војна

Имам повеќе години
од својот постар брат.
Некој за мене непознат
му остава цвеќе
и згрчен над тастатурата
пишува книга.
Знам дека го сакал морето
и имал тајни копнежи.
Под ребрата
водел некоја војна.
Тоа е сè
што знам за него.
Толку и можеме да знаеме
едни за други.
Неодгатливи.
Странци во исто купе.
Секој со својата надеж
во прекрстените прсти.
Во неизговореното.
Мојот брат е далеку.
Варшава во која сум родена е далеку.
Ти, твојата река и твојот пес сте далеку.
Твојата војна е далеку
и мене ми е непозната.
Пјотрковска улица гори
и ѕидовите паѓаат врз минувачите.
Зошто сето она ми го раскажуваше?
Кога и да заспијам
заоѓам во кошмар.
Љубовта е сериозно злосторство.
Ти тоа најдобро го знаеш.

АвторМарко Томаш
2018-08-21T17:22:00+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 98|