Кога ќе се вратам од војна

/, Блесок бр. 98/Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна
Пробај го ова, драг Вагнер
Мојот народ
Гето
Мал човек во мал град
Утро во маалото
Булевар на Народната револуција
За таму некоја војна

Утро е, вторник,
пролет дебела како кастриран мачор.
Зад високите ѕидови околу маалските куќи
се буди кашлицата.
Скитачкото Селаново око
запнува на врвот од борот
и таму останува
продупченото сонце
кое испушта жолтеникав путер светлина.
Куќите, тврдини однатре разурнати.
Начинот на кој џвака храна
знае да биде неподнослив.
Во сон се бега
како пред потера од варвари.
Се буди безволно
и преку грб се облекува
товарот на краткорочната иднина,
парите кои мораш да ги издвоиш за сметки.
А всушност ноќта има боја на кафе.
Бившите пролетери почнуваат со утринските кавги.

АвторМарко Томаш
2018-08-21T17:22:00+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 98|