Кога ќе се вратам од војна

/, Блесок бр. 98/Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна
Пробај го ова, драг Вагнер
Мојот народ
Гето
Мал човек во мал град
Утро во маалото
Булевар на Народната револуција
За таму некоја војна

Малите луѓе во малите градови
опседнати се со сопствената големина.
Токму така и јас, со мали зборови
го барам вистинското место
за да го озвучам својот роден крај,
а потрагата по роден крај
кога тогаш ќе ме усмрти.

Том Вејтс е непријателски расположен
кон моето настојување
да пишувам како американските поети.
За мала историја доволни се мали зборови
кои можат да се разминат на тесна улица.
Освен тоа, не можам да се ослободам
од тешкиот словенски акцент.

Во малиот град сè е придушено.
На пример, уличните светла никако не се доволни
за да ја осветлат романескната целина,
под нив едвај може да застане скаран млад пар,
или липа на која сум алергичен
и поради која пролетта во малиот град
изразено ми оди на нерви.

Би сакал, како малите луѓе во големите градови,
да си ја гледам својата работа, но премногу сум крволочен,
малите паркови на мојот град сосем се мали гробишта
и тоа на сите им го тријам на нос,
зашто огромни се воените заслуги на нас малите луѓе.
Никој не нè сака за непријатели.

Ние сме мали луѓе,
ние сме не баш потполно исполнети луѓе,
но ништо не може да нè сведе на вистинската мерка
на мали луѓе од мал град.

Нашата дрскост, нашата надменост, нашата нананананост
ќе го порази секој пристоен збор.

Ние сме мали луѓе,
ние сме дрски луѓе,
ние сме не баш потполно исполнети луѓе.
Чекориме низ пуста земја.

АвторМарко Томаш
2018-08-21T17:22:00+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 98|