Кога ќе се вратам од војна

/, Блесок бр. 98/Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна
Пробај го ова, драг Вагнер
Мојот народ
Гето
Мал човек во мал град
Утро во маалото
Булевар на Народната револуција
За таму некоја војна

Тука е, сè уште, лошата страна на реката.
Тука пораснав.
Ме израснаа баба и дедо.
Цело детство слушав стравотни приказни.
Тоа ме научи на почит.
Тие приказни и грозата, која знаев да ја почувствувам поминувајќи по улица.
Понекогаш слушав далечни одеци
на залудна очајничка борба,
ја чувствував смрдеата
која фрлачите на пламен ја оставаат зад себе.
Само мирисот на стасаното тесто
во кујната на баба ми
ме враќаше во стварноста,
која секој пат стануваше сè повеќе жолта
како средноевропско небо.
Всушност, она што е вистински ужасно
се младите израелски аџии.
Пијани и разуларени на место со толкава тага.
Тага, од која јас не можам да се ослободам цел живот.
Моите другарки, стјуардесите, сите до една тврдат
дека најлошата линија на која можеш да работиш
е онаа која лета од Тел Авив за Варшава.
Не се слуша кадиш, само подждригнување и пијани пцости.
Ох, секогаш ме плашела
израелската младина во улицата Заменхоф.
Кога годе да заминеа,
оставајќи зад себе смрдеа од алкохол,
купишта хартии и догорчиња,
јас одново, како во детството,
ги слушав далечните одеци
на залудната очајничка борба.

АвторМарко Томаш
2018-08-21T17:22:00+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 98|