Како те љубев

/, Блесок бр. 39/Како те љубев

Како те љубев

Како те љубам
Каде се наоѓаме
Како разговараме
Каде припаѓаме
Кои се нашите заблуди
Од што се плашиме
Зошто ти се лутам

1.
Стегната во тесниот чевел
на животот,
почнувам да мирисам
на бесмисла.
Капка по капка
истекувам и вештачки наводнувам
нечии туѓи ниви.
Овој пат знам не сакам
да заборавам,
жолто вангоговски ги
бојам полињата
на својата душа.
А ти од блиску ги гледаш
моите мачканици
и сè така лаички
ми велиш
не прилегаат на стварноста.

2.
Учи за да не работиш,
велеше татко ми.
Не барај совршенство,
задоволи се со својот компромис,
велеше мајка ми.
Лута сум ти –
со еден допир на усните,
скоро недолжен,
ги избриша сите мои години
на добро воспитание.
Бескомпромисно работам
за совршено да те љубам.

2018-08-21T17:21:35+00:00 декември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 39|