Како те љубев

/, Блесок бр. 39/Како те љубев

Како те љубев

Како те љубам
Каде се наоѓаме
Како разговараме
Каде припаѓаме
Кои се нашите заблуди
Од што се плашиме
Зошто ти се лутам

1.
Заустувам
да ти кажам неми зборови
вистини, убедувања, размислувања,
тешки созреани круши
овиснати на гранките
на мојата љубов.
Пелтечам
со јазикот коските
си ги дробам,
стравот ми пребарува
по забите, на непцата,
во грлото.
По толку разговори
сериозни, лесни, кавгаџиски,
лелеави, озборувања, теории,
монлози, дијалози, реплики
јас се плашам да ти прозборам.

2.
Те гледам како купуваш.
Во количката трупаш
сè на кило, во пакет и на куп.
Во кујната сечеш леб,
правиш кафе,
го мазниш креветот,
за никој да не познае
(ако не помириса)
дека љубовта завршила таму.
Секојдневен си, необичен,
полн со страв
да не ти го изменам животот.

3.
Живееме со страв.
Ти ме плашиш со својот
конформизам,
јас те плашам со својата
посветеност.
Те советувам да пресечеш сè,
ме тешиш дека ќе преболам.
Забораваме и продолжуваме
да живееме.
Со страв.

2018-08-21T17:21:35+00:00 декември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 39|