Како те љубев

/, Блесок бр. 39/Како те љубев

Како те љубев

Како те љубам
Каде се наоѓаме
Како разговараме
Каде припаѓаме
Кои се нашите заблуди
Од што се плашиме
Зошто ти се лутам

1.
Сосема вон главниот тек
на разговорот,
ми кажуваш колку им се лутиш
на родителите.
Легнат на каучот од моите
лулкања,
не знаеш дека веќе одамна
си ми признал сè.
Како литературен критичар
ги дешифрирав твоите алузии,
симболи, паралелизми и метафори.
Те лупам од корките
во кои животот
те заштитил
од штетните атмосферски
влијанија,
остануваш зрел плод
во мојата рака.
И пак во заблуда сум кога мислам
љубам – значи познавам.
Ти си странец.

2.
Пред тебе не покажувам слабост
ти си дел од пејзажот на светот
што го гледам со стегнати заби.
Een kopje koffie со две солзи,
на страна.
Ме убедуваш во глупоста
на моите желби.
Раздевичена од фантазијата
дека за мене ќе направиш
големи нешта
ја бришам крвта и лигите
од нозете
со салфетите во eetcafé-то.
Во заблуда си кога ме учиш
како да живеам под маската
на зрел лимон –
отсекогаш и засекогаш
учителот сум јас.

2018-08-21T17:21:35+00:00 декември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 39|