Интимни подароци

/, Блесок бр. 20/Интимни подароци

Интимни подароци

Интимни подароци
Бели вдовици
Колекција од бесвеста
Небесен буквар
Имаме право да бидеме луди со дозвола на вселената

Ти дојде да се прошеташ
со океаните во очи
и со маглините во скутот
за да го збуниш редот;
за да продолжиш со раскажување приказни
почнати во едно друго царство,
во едно друго време
што се огледува во ова
како сенка во искривено огледало,
и да ги замрсуваш зборовите и ветровите
и да ме снемоќиш во разгатнувањето
на записите впишани во твоето тело
како во небесен буквар
кој на глас се чита
а не му се открива значењето.

АвторНаташа Бунтеска
2018-08-21T17:21:57+00:00 април 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 20|