Интимни подароци

/, Блесок бр. 20/Интимни подароци

Интимни подароци

Интимни подароци
Бели вдовици
Колекција од бесвеста
Небесен буквар
Имаме право да бидеме луди со дозвола на вселената

Нивните бели раменици
што се движат како питоми животни
како светли осамени острови
во првобитната кал на сеедното
нивниот глас што го навестува потопот
нивниот глас е првиот звук
од кој настана целата подоцнежна музика
нивните молитви се спремни за вечна пловидба
нивните молитви не се за човечки уши
нивните отворени прозорци
не ветуваат ништо
нивните колкови распослани
во својата самодоволност
нивните предели на доброволна единечност
нивните предели на блага раздразливост
нивните предели на возвишена преданост
нивните предели
не се за човечки освојувања

АвторНаташа Бунтеска
2018-08-21T17:21:57+00:00 април 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 20|