Имам збор

Имам збор

Под горичката гроб /диптих/
Мојот заклучен татко
Ма/г/лена песна
Во литванскиот ми доаѓаат сон
Пусто кварнерско море
Реторичка песничка

Прашина се слегнала врз нејзините трепки
Погледот ведрина го прекрива позадината на мојата приказна
Цел еден истурен товар од смешен живот
Мојот живот во назнаки посипан по карпите

Прататковината одекнува со детски гласови
Во палаво заминување на ноќевање, Како завет на морето,
Ечи празнината на самракот, ечи внатрешноста во телата
Сè важно се судира во само едно време

Ова овде кое го имаме додека се цеди солено
Низ треперливите прсти пустото Кварнерско море, Море
Се качува во прав до ѕидините на црквичката обградена
Со белина како почивалиште на мексиканските ослободители

Кои утрината без збор ќе ги стрела неповикан
Некој во туѓа земја со туѓ јазик, Во себе
Туѓ и празен кој ги брише лицата со последниот куршум
Оној кој ги изедначува просторите и судбините

Сè замотувајќи во прашината на заборавот, Во прав
И пепел кој останува на една, На моето влакно
Нејзините трепки свртени кон ноќните бои на
Кварнерот разбудена со оганчето кое исчезнува
Како нашите тела во мртовечки ледената, восочна вода

2003.

АвторБорис Домагој Билетиќ
2018-08-21T17:20:57+00:00 декември 29th, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 80-81|