Имам збор

Имам збор

Под горичката гроб /диптих/
Мојот заклучен татко
Ма/г/лена песна
Во литванскиот ми доаѓаат сон
Пусто кварнерско море
Реторичка песничка

Од растопената свеста
на лунатиците – магма
грозно студена
не раѓа нов живот.

Ма/г/лена
засекогаш го населила
неговиот семир:
безмерност со лед
окована.
Срцето е
црна дупка на смислата
и сесветлината.
Или е смрт
таа мала
смешна играчка.
Тишината е мрак е
неподвижност.

Праисториски
вулкани од иднината
лебдат низ галаксии.
Пораката
која не ја разбираат,
која нема да ја дочекаат:
усмртени
закопани
далечни
на истражувачите на смислата.

Во вечност!
Во магла!
Во ништо –
вие, смешни
играчи на стравот!

Крилјата им се вратиле на боговите.

2002.

АвторБорис Домагој Билетиќ
2018-08-21T17:20:57+00:00 декември 29th, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 80-81|