Имам збор

Имам збор

Под горичката гроб /диптих/
Мојот заклучен татко
Ма/г/лена песна
Во литванскиот ми доаѓаат сон
Пусто кварнерско море
Реторичка песничка

На тато му спуштив цвет врз растреперената душа
Тој сонува во мириси, во боите на својот роден крај

Татко, јас сум град после потрес, град кој никнува
Татко, јас сум потрес кој ѝ се враќа на утробата на земјата
На домот твој и мајката далечна, самата оттргната
На нашата последна прегратка по својата последна желба

Застоената вода на претходниот тажач ме чекаше
Чакавското место на моето детство пусто, Оливер,
Никој да ме препознае во површната итаница низ гробиштата

Ти си, човеку, заклучен, затворен ти си без зборови
Отиде од онаа страна на тајната, загатката, без лага конечно

А што можам сега да сторам – патетика е на живиот
Кутра слика на твојот, на нејзиниот лик
Кој веќе згрбавен се подложувам на надежта дека сте заедно
Чувајќи го племето без моќ, без Знак

Од вечноста мојот татко прима цвет, букет прима
За себе, за неа, за нас уште живи, растреперени, свенати

Од вселената жарат континенти, планети, галаксии
Од угаснати градови кои ги градат преживеаните, безимените
Преку морето, преку световите живеат нашите заспани,
Живеат од онаа страна на океанот – а зборот е сплав, чун, брод

Под нас од потрес потопени пулсираат градови,
Топли места чии клучеви ги нема нити драгиот Бог.

2002.

АвторБорис Домагој Билетиќ
2018-08-21T17:20:57+00:00 декември 29th, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 80-81|