Избрани песни

/, Блесок бр. 27/Избрани песни

Избрани песни

Бен Џонсон (1572-1637)
Џон Дан (1572-1631)
Џон Милтон (1608-1674)

Песна: Ајде фати ѕвезда што паѓа

Ајде фати ѕвезда што паѓа,
дари му дете на мандрагор-корен,
кажи ми кај се минатите лета,
ил’ од кој ѓаволот зол е разорен.
Поучи ме пој да слушам од нави
ил’ да се чувам од напад на завист
кој екот
речи ми ти
го воздига чесниот човек на векот.

Ако си надарен со чудна моќ
ствари невидливи да гледаш,
езди илјада и една ноќ,
дур косата не ти е седа.
Кога кај мене ќе стасаш пак
кажи за чудата видени по пат
и клетва земај
нигде нема
убава и чесна жена.

Најдеш ли една, умирам да знам
на аџилак ќе завјасам, боже;
но немој, без ниет сум да тргнам
оти на полпат да ја сретнам може;
кога ја виде ти беше верна
дур не ми пиша и задна реда,
но токму таа
невина мома
два-тројца ќе смота пред да тргнам од дома.

превод: Кристина Зимбакова

АвторТројца англиски поети (Џонсон, Дан, Милтон)
2018-08-21T17:21:47+00:00 август 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 27|