Избраните

Избраните

Избраните
Отаде светот се простира кревка пајажина
Паганска смрт

***

Божјото ветување
играјќи си со пукнатинки околу себе
си остана верно на самото себе.
Соковите на живите
ја објаснија таа безусловност.
Законот ја сотвори смислата
и ја испи предано сета крв.
Верноста на самата себе
е остар нож
во срцето на божјото ветување.

***

Паднатите ангели
замелушени од премногу дарби
се одмораа среде небо.
Грмењето во празно
се повторуваше
но ништо не се скрши.
Блудните ангели
ја прескокнаа совршеноста
и не затреперија пред штитот
што им се умилкуваше
Продреа во условеноста
и го покрија облакот.
Штитот се распарчи.
Паднатите ангели не паднаа.

АвторПримож Репар
2018-08-21T17:22:04+00:00 април 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 14|