избор од „Стражи“

/, Блесок бр. 05/избор од „Стражи“

избор од „Стражи“

Елипса
Прва стража
Елипса II
Втора стража
Елипса III
Трета стража
Четврта стража
Лоза
Ангел

1.
Изгреваат и ѕвездите на умрените
Толку светлина од сите страни
кога од видливост очи болат
а нема ни сенка за одмор и сон Жени
мајки деца старци момчиња и девојки
со катанци и клучеви заденати за појас
се искачуваат на планина горе
по небо чекорат и го довикуваат Ангелот свој
а тој се одѕива одврзува очи:
Изгрева ѕвездата на народот
а мени ми доаѓа од радост да треснам со дланка
по камења по колена да ми се отвори
нежно срце, планините да затреперат
од убавина Од наша Лоза бил Ангелот
на илјада години семе и пламен,
во мал храм тој остава нишан.
Од војни ли доаѓаш,
во слободали бараш лек
или ти веќе немаш родители,
Ангелу брате, појди со мене, изостри вид,
ако те измачува бол, помести планина
и пак биди
на невидлива сила видлив плод.

АвторРадован Павловски
2018-08-21T17:22:13+00:00 октомври 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 05|