избор од „Стражи“

/, Блесок бр. 05/избор од „Стражи“

избор од „Стражи“

Елипса
Прва стража
Елипса II
Втора стража
Елипса III
Трета стража
Четврта стража
Лоза
Ангел

I

Ме виде на сон
а јас на Север
чув како работат
часовниците на смртта
и ти како се бориш
и како отклучуваш простори
и ја заведуваш големата сенка
да не ти ги покрие очите
за да го видиш сина си
потоа таа голема сенка
од пролетта прави есен
и ги затвора патиштата
пристапот кон тебе да биде тежок
како кон престол на болот
на кој лежиш прикован
а само гранче на прв цут на црешна
трепери врз камен како врз дланка
и зема душа на пролет
од гласот на твојот Дух.
Ангелот е во воздухот,
со една нога на земја.

АвторРадован Павловски
2018-08-21T17:22:13+00:00 октомври 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 05|