Зборувајќи со тагата

/, Блесок бр. 45/Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата
Септември 1961
На ум
Прослава
Без наслов
Свесна

Кога ја најдов вратата
ги затекнав лозниците,
си зборуваа со богати
шепоти.
Пред мене
Замолчеа со својот зелен здив,
засрамени, како
што луѓето застануваат, се запетлуваат,
се прават како и така да заминувале, како
разговорот да завршил
токму пред да дојдеш.
Сепак, ми се допадна
тоа што го ѕирнав,
нивните чудни
движења. Ми се допадна звукот
на таквите скриени гласови. Следниот пат
ќе одам како внимателна сончевина, ќе ја отворам
вратата кроце, и мирно
ќе наслушнувам.

АвторДенис Левертов
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|