Зборувајќи со тагата

/, Блесок бр. 45/Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата
Септември 1961
На ум
Прослава
Без наслов
Свесна

Деланки месечина
исфрлени на површината од разбранувана вода,
но месечина на небото
е целосна, ги надминува
сите нарушувања,
овде се чини дека таа самата си зборува за
формата на животот:
само еднаш,
сè, бидејќи беше
пламен и песна и ни даде
радост, мислевме ќе правиме, ќе бидеме, ќе се враќаме,
излезе дека тоа што беше било
само тогаш, еднаш; секоја порака
не значеше и почеток на
серија, не се надгради: во животите
не ни се случи чудесното, нашите приказни
не избледеа заради неговото отсуство: но не
очекувајте да се вратите по уште. Сè она што
ќе биде ќе биде
единствено како што беа и тие. Обидете се
да ја прифатите следната
песна во нејзината огнена аура како
крајно присутна, како сега или никогаш.

АвторДенис Левертов
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|