Зборувајќи со тагата

/, Блесок бр. 45/Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата
Септември 1961
На ум
Прослава
Без наслов
Свесна

Ова е годината кога старците,
големите старци,
нè оставаат сами на патот.

Патот води до морето.
Во џебовите го носиме зборовите,
нејасни насоки. Старците

ја однесоа светлината на своето присуство,
гледаме како исчезнува кај ридот,
од едната страна.

Тие не умираат,
се повлекуваат
во болна осаменост,

учат да живеат без зборови.
Е.П. „Изгледа како да умира“ – Вилијамс: „Не можам
да ви опишам

што ми се случуваше.“ –
Х.Д. „не можам да зборувам.“
Темнината

се извива на ветрот, ѕвездите
се мали, хоризонтот
обиколен со збунети градски светла.

Ни кажаа
дека патот води кон морето
и ни го дадоа

јазикот в раце.
Си ги слушаме
стапките секој пат кога некој камион

минува покрај нас и заминува
оставајќи ни нова тишина.
Човек не може да стигне до

морето на овој бескраен
пат кон морето освен
ако не сврти на крајот, кој се чини

го следи
бувот што тивко лета над него,
накривен, кон напред, кон назад,

и далеку во длабоката шума.

Но за нас патот
се отвора, ги броиме
зборовите во џебовите, се прашуваме

како би било без нив, не
запираме, знаеме
дека има уште многу пат, понекогаш

мислиме дека ноќниот ветер носи
мирис на море…

АвторДенис Левертов
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|