Зборувајќи со тагата

/, Блесок бр. 45/Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата
Септември 1961
На ум
Прослава
Без наслов
Свесна

Избор и превод од англиски: Елизабета Баковска

Ах, Таго, не треба да те гледам
како пес-уличар
што доѓа зад куќи
по корка леб, по сува коска.
Треба да ти верувам.

Треба да те намамам
дома и да ти наместам
твое ќоше,
ќилимче да си легнеш,
чинивче со вода.

Мислиш оти не знам
дека ми живееш под стреата.
Копнееш да имаш свое место
пред да дојде зимата. Ти треба
име,
синџир и плочка. Ти треба
право да лаеш по натрапниците,
да ја сметаш
мојата куќа за своја,
јас да ти бидам газда,
а ти мене
мој пес.

АвторДенис Левертов
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|