Записи

Записи

1.
2.
3.
4.
5.
6.

јас создавам градови
и си замислувам жители

создавам улици
и луѓе на улиците

создавам толпи
и ги презирам

создавам почва
па
брзо ја истргнувам
од нозете

создавам омраза
а
потоа барам љубов

создавам тага
а
потоа ја бранам љубовта

создавам смрт
а
потоа го одрекувам животот

создавам душа
да се бунтува против неа
заедно со телото

создавам грешници
а
потоа барам прошка

создавам сонце
а
потоа со сенка
му се противам.

АвторМуниам Алфакер
2018-08-21T17:21:39+00:00 септември 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 34|