Дрво полно пребран дожд

/, Блесок бр. 90/Дрво полно пребран дожд

Дрво полно пребран дожд

Св. Фрањо
БахГолдбергГулд1981
Врапче низ болничкиот прозорец
Лавови врз фасадата на катедралата
Sul Campo Del Mare
Прошетка низ Липица ноќе

Шепотам, Herr, es ist Zeit.

Јаворот одговара шумолејќи, песокта се ситни под чекорите.
Ноќта, делумно облачна, на запад остатоци од зајдисонцето,
сјај од испушни гасови, магловина,
‘ржење во коњушницата, коњот во заградот тапка,
прднува, а тоа одекнува во ноќта,
хотелот е наполу празен, гостите спијат,
коњите спијат стоечкум. Некои се будни,
шепотам за да не се исплашат од непознати чекори,
времето запре, часовите се соединија во ноќ
без месечина, светилки, малку светлина доаѓа и од хотелот,
а премногу мала, погледот мора да продре низ темината
окото се навикнува, телото слуша. Среде сенките
бели коњи, најсветли тела сосе ѕвездите.
Ладно е, мириса на коњски измет,
есен после лето. Бршленот го нагризува јаворот,
боровите му прават пат на дабот, дабот ги истиснува боровите,
животот го јаде животот, така мора да биде:

да се разбере устројот на премините,
сопственото место во него го надминува учеството на човекот.

Насоченоста на срцето е се што можеме.

Светот се оформува во телесните отвори,
под стреата на веѓите ги преноќувам вратарите на ненасетените минути.

Белиот коњ во заградот се врти кон мене,
а јас потпрена до стеблото на костенот останувам така
цела вечност. Облакот над нас
растресува никулци на спокојот. Ни самотијата
повеќе не изгледа неизбежна, тагата отпаѓа, преминот е отворен,
низ него тече нешто потрајно од зборовите.

АвторВероника Динтињана
2018-08-21T17:20:49+00:00 јуни 30th, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 90|