Две ѕвездени песни за Игор

/, Блесок бр. 100/Две ѕвездени песни за Игор

Две ѕвездени песни за Игор

Ѕвезди ќе никнеа од земјата ако не му ги подврзеа вилиците на Игор пред да го закопаат
Има некои ѕвезди на небото што само ние двајцата можеме да ги видиме

Посакувам ненадеен ветер да разбуди
не да ги сврти мелниците

не за компасите,
не за мојата среќа,
не за да се врати Игор

Ветрот буди
од писмото што го отворив
од темнината од која избегав

Ветер од полуотворената полица во кога
гнијат чорапи во распар,
ветер, од страницaта на книгата
што сум заборавил дека ја напишав

Ветер
кој мисли дека
утринската магла
е душата на коњите

Ветер
што постојано му пишува писма на дождот
за виртуелните мрежи

Ветер, што се буди и вели
има некои ѕвезди на небото
што само ние двајцата ги гледаме

Има точно седум ако го сметаме и Игор

Ветер, кој
ми ги пегла седумте запетлани кошули
ми готви седум зачинети чорби,
ме покрива
кога се откривам,
седумпати ми го остри бричот
што сјае во бањата.

Посакувам ненадеен ветер да разбуди
не за да ги сврти мелниците,

но нека вртат мелниците,
птиците над глава,
зборовите што ми бегаат,
се враќаат и пак се вртат
кога им наредувам

некои нешта никогаш не се враќаат.

АвторГокченур Ч.
2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Поезија, Блесок бр. 100|