Градот убав

Градот убав

Пристојна дистанца
Возен ред
Градот убав
Ѓаватски етиди за кларинет и оркестар
Најважната игра
Толку?

Ќе биде
како исклучен монитор,
детско игралиште под снег.
Празно филмско платно.

До вчера се играло,
се пишувало,
се сакало,
и одеднаш – штама.

Некој тука е жив,
но тоа не сум јас.
Залудно се будам.

На одјавната шпица
имиња, места и ликови:
„посебна благодарност на. . . “,
финансирано од,
играа тие и тие.

Ова некако набрзина –
кога почна мајката,
кога заврши?
Ни пуканките
не ги изедовме.

Салата се испразни,
а јас уште чекам.

2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 95|