Генерика

Генерика

124. (сеќавање)
131. (додека му се подаваш на твојот љубовник)
156. (бакнеж)
188. (твоите ѕидови)

толку се високи
та ни сончев зрак
ни ветер од денот
што иде
не можат да ги прелетаат
во тебе да влезат
да не бидеш иста

а иста си со векови
кога те примам
како обичен збор
во кој ни сечие минато
ни нечија иднина
не можат да најдат
спокоен миг
и сегашни настани

иста си со векови
песно моја
фрлена
во некој темен агол
на свеста
во некој
скриен предел
на потсвеста
болу
што не ми даваш
во молк
да совладам самотен
предзнак

твоите високи
ѕидови
сепак еднаш
ќе паднат
ќе го подјаде
некое невреме
во темелот
во смислата на својот
опстој
пред народот
што те слуша

твоите високи ѕидови
ќе паднат
ќе се разголат
ќе се отворат
пред сончев зрак
или ветер
за да не те заборави
денот што иде
да не му се случи
да те одмине
па во него
нешто друго да се случи
па во него
нешто друго ќе мора
да се случи
за да биде со тебе
никогаш без тебе
никогаш над тебе
или пред тебе

песно моја
фрлена како семе
што ќе ја расте
својата сила
кон сонцето и ветрот
кон сите страни
на светот
долго премолчуван
долго умиран
во коренот
од сопствениот
премолк
од унижувања и навреди
од изневери и заблуди

болу мој
што не ми даваш
да сонувам
навреме да се будам
и кога никој не ме мисли
и кога секој ме мисли
остани со мене
остани во мене
остани зад мене
да ме браниш
од срамота
да ме одбраниш

и ако морашсо други
да умираш
да се раѓаш

АвторЉупчо Димитровски
2018-08-21T17:21:38+00:00 април 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 35|