Генерика

Генерика

124. (сеќавање)
131. (додека му се подаваш на твојот љубовник)
156. (бакнеж)
188. (твоите ѕидови)

ако бакнежот стопи во немир
два цвета од изморен миг
нека достаса до тебе
оти ми го слушаш зборот
ми го толкуваш говорот
кога молчам
кога те сонувам

бакнежу запрен пред времето
во нејзиниот спокој згасни
кога ќе помисли
зошто ме нема долго
оти во нејзината помисла
само во неа ќе ме има

залуден е
секој нејзин обид
ништо да не се случи
меѓу нас

бакнежу изчезни
скамени се
во нејзиниот поглед
на нејзините усни
во ритамот и животот
на нејзиното срце

нека ги насети
нека ги измери
да ги открие
да ги изгори
сите мои осами
сите нејзини сенки
во мене одамна збрани

АвторЉупчо Димитровски
2018-08-21T17:21:38+00:00 април 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 35|