Во песните тоа секогаш изгледа поинаку

/, Блесок бр. 58/Во песните тоа секогаш изгледа поинаку

Во песните тоа секогаш изгледа поинаку

Подоцна
Побарав ли нешто
Трага од пенкало
Porgy & Bass Band
Инфинитив

Кога ќе се поместат нештата,
само сенките остануваат.
Присилната тишина,
студениот воздух.
Ти реков дека сум роза, благ здив на ноќта
што допира до ноздрите.
Реков: нешта, добро ускладени
односи. Реков: сенки,
вишок љубов која некогаш
беше само непознат копнеж.
Мали, недопирливи огнови
го допираат моето срце – без прекин,
без јасна причина.
Како паднато ливче од цвет, како некој што е загледан
во светулка среде миризлива јунска ноќ,
како нечујна празнина зад цврсто
стиснати усни.
Во тој влажен поглед
полека заспиваат
нашите бледо притаени докази,
нашите оскудни надежи,
тешко премолчени предавства.
Блажени допири кои се сега само
стварно истекување на времето.
Меѓу сенките се кријат други сенки.
Поместувањето лесно ќе повлече друго поместување.
Јас сум молк:
скриени букви го покриваат моето чело.

АвторЗвонко Маковиќ
2018-08-21T17:21:12+00:00 февруари 25th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 58|