Во песните тоа секогаш изгледа поинаку

/, Блесок бр. 58/Во песните тоа секогаш изгледа поинаку

Во песните тоа секогаш изгледа поинаку

Подоцна
Побарав ли нешто
Трага од пенкало
Porgy & Bass Band
Инфинитив

Превод од хрватски: Никола Маџиров

Во песните тоа секогаш изгледа поинаку.
Кога ги читам речениците други што ги пишуваат,
сè ми се чини чисто и лесно.
Како лист хартија што сè уште му пркоси на огнот,
што одвај ги чувствува трагите на пепелта
врз себе. Во мојот двор
пепелта е сеопфатна.
Како измама, како слика што восхитува.

Многумина пишуваат за изгубената убавина,
за несреќата што одненадеж доаѓа и се вовлекува
во некое тивко, напуштено срце.
Би сакал, сепак, нешто да речам
за својот двор и големата река
што би требало да се наѕира од прозорецот.
За јасенот и двете липи кои
од пред некој ден, веќе ги нема.

Механизмот на бајките наеднаш ми се причини
сосем недостижен.
Онаа пепел што лесно паѓа низ прозорецот,
оној црн чад што до вчера беше
маса, кревет или книга,
нечиј живот за кого се нема многу размислувано,
тоа ми стои во грлото и ми го замаглува погледот.
Кога ќе замавнам со раката,
ќе можам ли уште нешто да почувствувам?

АвторЗвонко Маковиќ
2018-08-21T17:21:12+00:00 февруари 25th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 58|