Волшебното јајце на Родан ал Галиди

/, Блесок бр. 92/Волшебното јајце на Родан ал Галиди

Волшебното јајце на Родан ал Галиди

Сакам да легнам до тебе
По една година
Утре
Прекрасен сон
Пристаниште
Песнава ме спаси
Те молам
Осумстотини и шеесет
Земјоделец
Волшебното јајце на Родан ал Галиди
Обид за заминување
Сè уште сум жив

„Дами и господа,
добровечер.
Денеска е шести јули, а ова се вестите.
Утрово
во Ирак
загинаа 860 луѓе
во неколку бомбашки напади,
а американскиот војник Џон Смит
е погоден во левата нога
од куршум.
Овој триесет и двегодишен војник
диплoмирал технички факултет
пред да се приклучи на војската во 1999 година.
Татко е на две деца:
Розали, шестгодишна,
и Кит, тригодишен.
Неговата сопруга Ешли е учителка.
Според
извори во Министерството за одбрана,
Смит е во стабилна состојба
и повторно ќе почне да оди
по петмесечна рехабилитација.
Рафаел Надал победи на Вимблдон.
Дваесет и две годишниот Шпанец
го порази петкратниот шампион Роже Федерер
во пет сета:
6-4 5-4 6-7 (5) 6-7 (8) 9-7.
Надал за првпат
победува на Вимблдон.“

АвторРодан Ал Галиди
2018-08-21T17:20:47+00:00 ноември 3rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 92|