Обично
ги несам мислите на хартија,
ама пред две недели
снесов едно јајце.
Од почит кон мислите
и кон тоа што ќе излезе од нив,
направив гнездо во ќошот од собата
и седнав на јајцето.
На пријателите и колегите
не им се веруваше дека сакам да квачам јајце.
Мислеа дека сум се повлекол
во својот свет.
Уште колку да гувеам?
Се надевам не цел живот.
Што ќе излезе?
Се надевам не човек.