Вовед во нихилизам

/, Блесок бр. 83/Вовед во нихилизам

Вовед во нихилизам

16 ноември
26 октомври
Вовед во нихилизам
*** (пушти ја плочата)
Столови

Помина извесно време откако последен пат пиев кафе од исчукан филџан. Така сфатив дека еден филџан муштериите во просек го користат еднаш месечно.
Септември одмина и краток каков што беше, немав среќа да ми падне исчуканиот филџан. Ден по ден го држев филџанот за белата рачка, желно очекувајќи ја познатата рана на работ од порцеланот. Последниот пат, нечии усни ја имаа бакнато толку небрежно утрото што и до крајот на денот филџанот сè уште ги носеше тие трајни знаци на љубов. Не е лесно да се измие еден бакнеж.
Од време на време судбината го погодува кафулето и од задниот дел ни доаѓа непогрешниот глас на немарно расфрлани парченца по подот.
Сериозно се сомневам дека филџанот веќе го нема.

АвторЖоао Луис Барето Гуимареш
2018-08-21T17:20:55+00:00 мај 19th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 83|