Без надреализам

/, Блесок бр. 56/Без надреализам

Без надреализам

Криенка
Молитвена
Неисчудено чудо
Без надреализам
Пет минути

Жената-птица со ветар во косите
зачекана НЕШТО да ѝ ги поткрене
крилјата провиснати врз земјата
залудно шара со погледот.
Се изморила од чекање
ама не се предава:
очите мора да се стокмени
усните нацрвени
и обетките-висулки на своето место.
Не се знае кога ќе им дотекне
на нејзините пет минути
да ѝ дотрчаат по патот
и да ѝ се стркалаат пред нозете
како презреани круши.

АвторВиолета Танчева - Златева
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 56|