Без надреализам

/, Блесок бр. 56/Без надреализам

Без надреализам

Криенка
Молитвена
Неисчудено чудо
Без надреализам
Пет минути

Мамо, еве си ти со сонце во стомакот!
Не е важно
што сонцето личи на амеба
со едно око во средината
и што стомакот скокнал
малку погоре од грлото.
Уметникот има право
на свое гледање на работите.
Очите
се урми не само според обликот
а косата-кабел се извиткала во просторот
како секавица
за подобро конектирање со другите.
За некои е каков-таков украс на главата
за други израз на женственоста
исто како и обетките-окца на ушите.
Како и да е
само не барајте надреализам –
овде сè е вистинско.

АвторВиолета Танчева - Златева
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 56|